Младински образовен форум Ве поканува на настанот „Кои се нашите права?“ организиран во рамките на Проектот на УСАИД за граѓанско општество, кој ќе се одржи пред СОУ „Мирко Милески“ и СОУ „Дрита“ во Кичево, на 25 септември 2014 година со почеток од 12:30 часот.
Еднодневниот настан има за цел:
- Поголемо и подобро информирање на младите луѓе за нивните права;
- Зголемување на нивото на запознаеност на младите со основните граѓански и политички права и слободи;
- Запознавање со можноста за практикување и заштита на овие загарантирани права.
Во таа насока, настанот ќе содржи:
- Ќе биде поставен штанд пред гимназијата во Кичево со флаери и информации околу дел од граѓанските и политичките права на граѓаните на Република Македонија;
- Организиран Flash mob со околу 30 учесници од различни националности кои ќе носат маици со натпис „ИМАМ ПРАВО ДА…“ на предната страна и опис на некое од овие права на задната страна за кој ќе се направи и видео запис;
- Делење на фалери и информативни материјали на минувачи кои ќе содржат различни права од Уставот на Република Македонија;
- Ќе се постават гипс-табли на кои младите луѓе ќе можат со спреј да ги испишат правата кои сметаат дека се најважни и оние со кои треба да бидат запознаени.