Сервисот за права на млади е во функција!
Советодавниот сервис за права на млади има за цел да обезбеди советувања и поддршка за младите за полесно да ги остварат своите права и како да ги разберат демократските процеси и правните механизми кои им стојат на располагање за заштита на нивните права.
Во таа насока, советодавниот сервис за права на млади нуди информирање и советување на младите во неколку категории, и тоа: прашања и проблеми поврзани со средното образование, високото образование, но и млади и комуникација со органи и институции на локално и национално ниво, во области од нивниот секојдневен живот.
Вашите прашања, дилеми или проблеми може да се адресираат на www.servismladi.mk.
Прашањата, дилемите или проблемите пристигнуваат директно до тимот на младите советници, кои изработуваат одговор во рок од 5 (пет) работни дена. Истите може да се поставуваат на македонски или албански јазик, анонимно или со име/псевдоним.
Во рамки на страницата посетителите можат да ги прочитат одговорите од претходно поставените прашања, да најдат публикации, истражувања и колумни изработени од млади или кои се однесуваат на младите и младинските права и прашања.
Советодавниот сервис за права на млади е спроведен од Младински образовен форум во рамките на Проектот за младинско изразување финансиран од Европската Унија.
#КоеETвоетоПрашање?