Младински Образовен Форум организира целодневен настан каде можеш да научиш и да споделиш знаење за корените и развојот на феминизмот.
Целта на настанот е да понуди основно теоретско знаење од областа на феминизмот, но и начин како истото да се примени во дебата.
Теми кои ќе бидат дискутирани:
1. Појава и развој на феминизам
2. Видови на феминизам
– феминистички групи и движења
– феминизмот во различни предели на светот
3.Феминизмот во поп културата
4.Како да дебатираш на феминистички тези
*Ги покануваме сите феминисти, активисти и шовинисти кои се заинтересирани да слушнат и споделат мислења на тема можеби најмалку присутна во нашиот општествен дискурс.
*Ги покануваме сите дебатери, средношколци и студенти да научат како да аргументираат на теза можеби најмногу присутна на речиси секој дебатен турнир.
*Ги покануваме храбрите говорници кои годинава ќе се натпреваруваат на национално да слушнат предавање во пресрет на турнирот што ќе им ги разјасни сите дилеми околу
тезата: THBT sexually assertive female pop stars identifying as feminists are harmful for feminism.
Настанот ќе се одржи во просториите на Младински образовен форум од 12:00 до 17:00 часот. Агендата за настанот и говорниците/тренерите ќе бидат дополнително објавени.