Hа 11ти декември 2015 година (петок) во Младински културен центар (МКЦ) – Скопје со почеток од 10:00 часот ќе се одржи конференцијата „Дијалог и демократија – Магна Карта денес“. На конференцијата ќе се дискутира за вредностите на оваа повелба и нејзиното значење за човековите права и слободи во современиот свет и досегашниот развој на демократијата.
Ова е финалниот настан после конкурсот за средношколци за есеи на тема „Магна Карта“ кој траеше до 20-ти ноември, 2015 година. Сертификатите на победниците во секоја од трите категории ќе им бидат врачени од страна на Британскиот амбасадор во Македонија, Чарлс Гарет. Тие ќе прочитаат извадок од својот есеј, по што по секој прочитан извадок ќе следува панел од тројца говорници на темата.
На оваа конференција ќе има три панел-дискусии модерирани од Ана Јовковска:
Панел 1 – Историја и влијанието на Магна Карта врз уставноста во светот
Мишо Докмановиќ, Професор на Правен факултет Јустинијан I
Маја Вељанова, Претседателка на ЕЛСА
Константин Битраков, дипломиран правник
Панел 2 –Независно правосудство како предуслов за владеење на правото
Ива Михајловска, Канцеларија на Народен правобранител
Гоце Коцевски, Проектен координатор во Македонско здружени на млади правници (МЗМП)
Мерсиха Смаиловиќ, раководителка на хуманитарната организација „Легис“
Панел 3 –Демократијата денес и улогата на Магна Карта во нејзиниот развој
Андреја Стојковски, Претседател на Македонски центар за европско образование (МЦЕО)
Јован Близнаковски, Програмски директор на Институт за демократија Социетас Цивилис (ИДСЦ)
Доан Сулејманоски, Предавач во Учиме право програмата на МОФ
Вашето учество може да го најавите на https://docs.google.com/forms/d/1ZqnQWd5f2CUPDjHvpwMl-R0Zve9zHurenqPTMQxX5Jc/viewform?usp=send_form
Агенда:
09:30 – 10:00 | Регистрација на гости и учесници |
10:00 – 11:00 | Обраќање на Британскиот амбасадор во Македонија, Чарлс Гaрет Поздравно обраќање од МОФ Доделување на сертификати и награди на победниците од секоја категорија |
11:00 – 12:00 | Читање на извадок од победничкиот есеј во категоријата: „Влијанието на Магна Карта врз уставноста во светот“ Панел 1 – Историјата и влијанието на Магна Карта врз уставноста во светот Мишо Докмановиќ, Константин Битраков, Маја Вељанова |
12:00 – 12:30 | Пауза за кафе |
12:30 – 13:30 | Читање на извадок од победничкиот есеј во категоријата: „Независно правосудство како предуслов за владеење на правото“ Панел 2 – Независно правосудство како предуслов за владеење на правото Ива Михајловска, Гоце Коцевски, Мерсиха Смаиловиќ |
13:30 – 14:00 | Пауза за кафе |
14:00 – 15:00 | Читање на извадок од победничкиот есеј од категоријата „Улогата на Магна Карта во развојот на демократијата“ Панел 3 – Демократијата денес и улогата на Магна Карта во нејзиниот развој Андреја Стојковски, Јован Близнаковски, Доан Сулејманоски |
15:30 | Доделување на сертификати на сите пријавени на конкурсот за есеи и затворање на конференцијата |