Конференција за интеграција на младите и запознавање со нивните права и слободи

На 17-ти јуни, во рамките на Проектот на УСАИД за граѓанско општество, беше реализирана конференција за интеграција на младите и запознавање со нивните права и слободи на која присуствуваа педесетина млади луѓе.

На конференцијата се зборуваше за две теми, интеграција на младите според етничка, верска, социјална, културна и сексуална определба и зголемување на нивото за запознаеност на младите со основните граѓански и политички права и слободи.

Конференцијата ја отвори Сандра Анастасовска со предавањето „Остава ли траги удобноста на твоето постоење?“ [Стереотипи, дискриминација, предрасуди]. Потоа следуваше Петар Димитров со ретроспектива на демократијата и формите во кои таа се појавува. Следни беа Фросина Калевска и Кристина Митрова кои одржаа презентација за Советодавен сервис за права на млади, а воедно ги учеа учесниците како се пишуваат претставки и приговори.

Конференцијата ја затвори Мартин Алексоски кој зборуваше за Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер и како истиот може да се користи како средство за комуникација со институциите. Сите предавања беа интерактивни за младите полесно да ги совладаат информациите и веднаш да ги применат.

Проектот на УСАИД за граѓанско општество го спроведува Фондацијата Отворено општество – Македонија во соработка со четири граѓански организации: Младински образовен форум, Форум – Центар за стратегиски истражувања и документација, Центар за граѓански комуникации и Реактор – Истражување во акција.

СПОДЕЛИ ЈА ОБЈАВАТА:
Facebook
Threads
LinkedIn
X (Twitter)
WhatsApp
Skype
Email
Print
ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ: