Младински образовен форум Ве поканува на настанот „Конференција за интеграција на младите и запознавање со нивните права и слободи“ организиран во рамките на Проектот на УСАИД за граѓанско општество, кој ќе се одржи во Младински културен центар (МКЦ) во Скопје на 17-ти јуни 2014 година со почеток во 12:00 часот.
На оваа конференција ќе се зборува за две теми, интеграција на младите според етничка, верска, социјална, културна и сексуална определба и зголемување на нивото за запознаеност на младите со основните граѓански и политички права и слободи.
Конференцијата е отворена за сите посетители кои имаат повеќе од 15 години, а ќе се состои од низа предавања, филмски проекции и бројни дискусии помеѓу учесниците и предавачите.
Целта на конференцијата е да ја зголеми информираноста на младите во врска со нивните права и слободи, да помогне во заштита и практикување на овие права во секојдневниот живот, како и да посочи на потребата од интеграција меѓу младите на повеќе основи и нивоа преку едукација.
Во рамки на настанот своја презентација ќе има Советодавниот сервис за права на млади, простор каде младите во секое време ќе можат да постават прашање поврзано со нивен проблем и да добијат одговор во рок од 7 дена.