Конкурс за координатори на клубови во Проект за младинска независност

Младински образовен  форум во соработка со Фондација Институт отворено општество – Македонија го имплементира Проектот за младинска независност.

Во склоп на проектот се отворени 5 младински центри во следните градови: Битола, Скопје, Струга, Тетово и Штип. Во склоп на секој од 5те центри се отвораат по 3 клубови, со следниве тематики:

  • Вербал клуб – Клуб за дебата и организирање на настани од оратоски и комуникациски карактер
  • Е-клуб – Клуб за нови медиуми и фотографија
  • Арт клуб – Клуб за театар, драма и културни настани

Клубовите ќе ги реализираат своите програми со неделни работилници во кои учество ќе земат студенти од градот и ќе стимулираат јавни настани од самите клубови и членови.

Со цел квалитетно спроведување на овие активности, Младински  образовен форум распишува конкурс за:

 

  • 3 координатори на клубови за Скопје
    (1 координатор за  Вербал клуб, 1 координатор за  Е-клуб, 1 координатор за Арт Клуб)
  • 3 координатори на клубови за Струга
    (1 координатор за  Вербал клуб, 1 координатор за  Е-клуб, 1 координатор за Арт Клуб)
  • 3 координатори на клубови за Тетово
    (1 координатор за  Вербал клуб, 1 координатор за  Е-клуб, 1 координатор за Арт Клуб)
  • 3 координатори на клубови за Штип
    (1 координатор за  Вербал клуб, 1 координатор за  Е-клуб, 1 координатор за Арт Клуб)
  • 3 координатори на клубови за Битола
    (1 координатор за  Вербал клуб, 1 координатор за  Е-клуб, 1 координатор за Арт Клуб)

Сите заинтересирани за една од петнаесетте позиции може да се пријават со CV и потполнета Апликација за координатор на клуб (во прилог) на dona_kosturanova@mof.org.mk најдоцна до 7ми Јуни 2010.

Краткиот опис на проектот и условите за аплицирање за координатор на клуб можете да ги најдете во прилог на оваа вест.

Краток опис на проектот
Услови за координатор на клуб
Апликација за координатор на клуб

СПОДЕЛИ ЈА ОБЈАВАТА:
Facebook
Threads
LinkedIn
X (Twitter)
WhatsApp
Skype
Email
Print
ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ: