Конкурс за најдобар постер и најдобар краток видеоклип на тема „Зошто гласам?“

Фондацијата Отворено општество – Македонија распишува конкурс за најдобар постер и најдобар краток видеоклип на тема „Зошто гласам?“, со цел да ги поттикне граѓаните масовно да излезат и да гласаат на претстојните вонредни Парламентарни избори во 2011 година.


Општи услови и правила за учество на конкурсот за најдобар постер и краток видеоклип

  • Право на учество на конкурсите има секој полнолетен граѓанин на Република Македонија.
  • Фаворизирање или критикување на која било политичка партија не е дозволено. Секој ваков обид ќе биде отстранет од официјалната конкуренција.

 

  • Пријавените решенија не смеат да содржат дискриминација на граѓаните врз основа на пол, раса, верска, национална, социјална или политичка припадност. Оние решенија кои ќе содржат дискриминација нема да бидат земени предвид.

 

  • Ширењето говор на омраза и нетрпеливост не е дозволено.

Технички услови за учество на конкурсот за најдобар постер:

  • На конкурсот за најдобар постер секој автор може да пријави најмногу 3 идејни решенија.
  • Решенијата треба да бидат испратени во А3 димензии (297 x 420 mm) со резолуција од 300 dpi во .jpeg или .pdf формат.

 

  • Дозволени се сите техники: фотографии, фотоманипулации, графички дизајн, типографија, слики, цртежи и други техники.

 

Технички услови за учество на конкурсот за најдобар краток видеоклип:

  • На конкурсот за најдобар краток видеоклип секој автор смее да пријави најмногу 3 идејни решенија.
  • Видеоклипот не смее да надминува 120 секунди.

 

  • Клиповите треба да бидат испратени во следниве формати: .mpeg4, .avi, .wmv, .flv или .swf.

 

  • Видеата можат да бидат снимени со какви било технички апарати (мобилен телефон, фотоапарат, видеокамера) или изработени во соодветна програма за компјутерска анимација.

 

Награден фонд:

Конкурс за најдобар постер:
Вкупен награден фонд: 1.000 евра
Прво место: 500 евра, Второ место: 300 евра, Трето место: 200 евра.

Конкурс за најдобар краток видеоклип
Вкупен награден фонд: 1.000 евра
Прво место: 500 евра, Второ место: 300 евра, Трето место: 200 евра.

Во случај на повеќе победнички решенија, наградниот фонд ќе биде пропорционално распореден.

Начин на пријавување:

Вашите идејни решенија можете да ги испраќате директно на е-пошта или со испраќање на соодветен линк за преземање на истите на glasam@glasam.orgОваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите , најдоцна до 20.5.2011 (заклучно со полноќ).
При пријавувањето на Вашето решение задолжително наведете ги Вашето име и презиме и/или псевдоним, контакт телефонот, е-мејл адресата и насловот на делото.*

Временска рамка:

Пријавување за конкурсот: 10.5.2011 – 20.5.2011 (заклучно со полноќ)
Фејсбук гласање: 21.5.2011 – 29.5.2011 (заклучно со полноќ)

Избор на победници:

Официјалното гласање за најдобри решенија ќе се одвива преку Фејсбук страницата www.facebook.com/glasam. Решенијата со најголем број „лајкови“ ќе се сметаат за победници. Секој обид за злоупотреба на гласањето ќе биде санкциониран од страна на организаторот на конкурсот.
До почетокот на гласањето, секое од прифатените идејни решенија ќе биде објавено на страницата
www.glasam.org.

Напомена:
Со пријавување на конкурсот, авторите се согласуваат да го пренесат на организаторот на конкурсот правото на јавно изложување на делата, а авторите на наградените дела се согласуваат на организаторот на конкурсот да ги пренесат сите права на користење на делата.
Во пријавата авторите треба да наведат дали сакаат нивното дело да се користи со наведување на нивниот име и презиме или псевдоним.

*Личните податоци на пријавените кандидати остануваат познати само на организаторот на конкурсот и истите нема да бидат објавени без дозвола од авторот.

СПОДЕЛИ ЈА ОБЈАВАТА:
Facebook
Threads
LinkedIn
X (Twitter)
WhatsApp
Skype
Email
Print
ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ: