Правниот факултет „Јустинијан Први“ и Младинскиот образовен форум (МОФ) ве повикуваат да бидете дел од обука и турнир за Британска парламентарна дебата. Британска парламентарна дебата е најпознатиот формат на дебатирање на универзитетско ниво.
Моделот е превеземен од Британскиот парламент.
Што добивате?
– Двонеделна обука за Британска парламентарна дебата
– Учество на првиот ваков дебатен турнир организиран во Македонија
Победниците на турниот ќе учествуваат на меѓународниот натпревар во Британска парламетарна дебата во Сплит “Split Open” кој се одржува од 13-15 Мај. Учеството на турнирот е поддржано од Правниот факултет.
Право на учество имаат сите студенти на додипломски студии на Правниот факултет од сите насоки.
Пријавувањето за обуката и турнирот се вршат во тимови од по 2-ца говорници, најдоцна до 9-ти Април 2011.
Побрзајте, бројот на учесници е ограничен.
Апликацијата за учество е достапна на www.pf.ukim.edu.mk и www.mof.org.mk/pfdebata
Доколку имате било какви прашања,контактирајте не на pfdebata@gmail.com