Програмата за стипендии на Фонадација Отворено општество има за чест да ви ги најави Civil Society Scholar Awards(CSSA) – стипендии за академската 2014-2015 година.
Со Civil Society Scholar Awards (CSSA) се овозможува поголема мобилност помеѓу студентите од повеќе држави во светот. Доколку сте магистрирани и сакате да го продолжите вашиот професионален развој на докторски студии како научник, наставник или јавен интелектуалец можеби токму Civil Scholar Awards е вистинското решение. Овие стипендии даваат можност и поддршка и на иновативни проекти ,истражување, подобра размена на идеи како и градење на меѓународни мрежи.
Стипендиите Civil Society Scholar Awards (CSSA) се достапни во повеќе земји, меѓу кои е и Република Македонија.
Предлози за било која област чии предмет е во рамките на општествените и хуманистичките науки се добредојдени, особено оние поврзани со: правото, правдата и управувањето; одржлив развој и управување со природни ресурси; економски права и зајакнување на јавното здравство; социјална работа и развој на заедницата; закон за медиуми; инклузивно образование; пост конфликт студии и човекови права.
Повеќе информации околу процесот на аплицирање може да дознаете на: www.opensocietyfoundations.org/grants/civil-society-scholar-awards
Преземи апликација, MK конкурс и EN конкурс.
Младински образовен форум – Административен центар на програмата за стипендии на Фонадација Отворено општество
Дренак 34 А, Скопје
Тел: 3 139 692
e-маил: aec@mof.org.mk