Барај
Close this search box.

Конкурс за учесници на обуки за работни вештини за млади Роми

Ромаверзитас/ФООМ во соработка со Младински образовен форум (МОФ) организира циклус од пет обуки за работни вештини, наменети за млади Роми. Целта на обуките е да им помогне на младите да ги подобрат нивните професионални вештини, да ги развие нивните лични капацитети и да го прошири нивното знаење, преку тоа да ја зголеми нивната конкурентност и можност за вработување.

Обуката за работни вештини е составена од пет викенд тренинзи кои ќе го следат следниов распоред:

  • Комуникациски вештини ( 1 и 2 февруари, 2014)
  • Лидерство, мотивација и тимска работа (15 и 16 февруари, 2014)
  • Претприемништво и бизнис план (22 и 23 февруари, 2014)
  • Организирање на настани (8 и 9 март, 2014)
  • Финансиска писменост (15 и 16 март, 2014)

Учесниците треба да ги исполнуваат следниве критериуми за учество:

  • студенти Роми на додипломски студии во трета и четврта година на студии, без разлика на насоката на студирање;
  • апсолвенти, дипломирани или магистри студенти Роми на возраст до 28 години;
  • да се невработени и да се во потрага по работа;
  • да се во можност да ги посетат сите пет обуки.

Начин на пријавување

  • Пополнета апликација;
  • Копија од индекс (за студенти);
  • Копија од универзитетска диплома или финално уверение (за дипломирани студенти).

Бројот на учесници е ограничен. При селекција на апликантите ќе биде земен во предвид родовиот баланс.

Трошоците за обуките (материјали, освежување, превоз) ќе бидат целосно покриени од страна на Ромаверзитас/ФООМ. Обуките ќе се реализираат во Скопје за време на викенди.

Пријавувањето за обуките е преку пополнување на апликација која што можете да ја преземете тука.

Пополнетите апликации треба да ги доставите најдоцна до 15-ти јануари, 2014 година. Целосната апликација може да ја доставите лично во просториите на Ромаверзитас, по пошта на ул.Дренак бр.34а – Скопје или преку електронска пошта до проектниот асистент Наташа Давчева ndavceva@romaversitas.edu.mk .

СПОДЕЛИ ЈА ОБЈАВАТА:
Facebook
Threads
LinkedIn
X (Twitter)
WhatsApp
Skype
Email
Print
ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ: