Младински образовен форум во соработка со Графити Шоп Хром распишува конкурс за учесници на работилници за Улична Уметност. Работилниците ќе се реализираат во Скопје во периодот од 5ти април до 4ти мај 2014 за време на викендите (сабота или недела) . Работилниците се еднодневни [4 часа вклучувајќи и една пауза].
Целта на овие работилниците е да соедини млади, инспиративни и креативни луѓе кои имаат интерес за Улична Уметност, а ќе се фокусираат на учeње на основните техники, како типографија, изработка на шаблони и цртање на графити. По завршување на работилниците производите креирани на истите ќе бидат изложени на финален настан – изложба.
Повикот е отворен за сите заинтересирани млади луѓе, а пријавувањето е најдоцна до 31ви март 2014 година, преку испраќање на пополнета пријава на obuki@mof.org.mk. Пријавата за учество може да се преземе тука.
Бројот на учесници е ограничен. Обуките се бесплатни и ќе бидат спроведени на македонски јазик од страна на искусни обучувачи. Повеќе информации можете да добиете на obuki@mof.org.mk или на 02/3139 692 лок 103.