Младински образовен форум распишува конкурс за учесници на циклус обуки за подготовка за вработување и работа составен од осум модули, во склоп на проектот на USAID “Младинска мрежа за стекнување вештини за вработување (YES)” кои ќе се спроведуваат во Тетово, за време во периодот од 23- 26 јануари 2012. Oбуките ќе бидат на македонски јазик. Сите учесници кои ќе ги посетат обуките ќе добијат сертификат за учество.
Листа на модули во циклусот Обуки за подготовка за вработување и работа:
1. Вовед во подготовка за вработување и работа
2. Личен развој
3. Вештини за барање работа
4. Комуникациски вештини
5. Соодветно однесување на работно место
6. Тимска работа и лидерство
7. Безбедност, права и обврски на работа
8. Финансиски вештини
За учество апликантите треба да ги исполнат следните услови:
· Да се жители на Тетово
· Да се на возраст од 16- 27 години
· Да се невработени
· Да не се водат како невработени во Агенцијата за вработување на Р.М.
· Да се во можност да ги посетат сите седум обуки
Сите заинтересирани да се пријават на tetovo@mof.org.mk најдоцна до 20-ти јануари 2012. Апликацијата за учество може да се превземе од www.mof.org.mk
Бројот на учесници е ограничен. Обуките се бесплатни!
Апликација за учество на Вештини за подготвеност за работа
rnKпнкурс за учесници на циклус обуки за подоготвка за вработување и работа
Контакт:
Младински образовен форум
071 30 30 32
maja_petrovska@mof.org.mk