Барај
Close this search box.

Kонкурс за учесници на циклус од седум обуки за работни вештини

Младински образовен форум распишува конкурс за учесници на циклус од седум обуки за работни вештини во склоп на Проектот за младинска независност (Youth Independence Project) кои ќе се спроведуваат во пет градови: Скопје, Тетово, Штип, Битола и Струга, за време на викендите во периодот од 23ти октомври до 5ти декември. Oбуките ќе бидат на македонски јазик. Сите учесници кои ќе ги посетат обуките ќе добијат сертификат.

Листа на обуки:

  • Kомуникациски вештини
  • Лидерство, мотивација и тимска работа
  • Управување со проектен циклус
  • Претприемништво и бизнис план
  • Менаџирање на настани
  • Европски фондови
  • Финансиска писменост

За учество апликантите треба да ги исполат следните услови:

  • Да се во потрага по работа
  • Да се апсолвенти или дипломирани на возраст до 28 години.
  • Да се во можност да ги посетат сите седум обуки.

Сите заинтересирани да се пријават на obuki@mof.org.mk најдоцна до 12ти октомври 2010.
Бројот на учесници е ограничен. Обуките се бесплатни.

Апликација за учесници на Обуки за работни вештини
Повеќе информации за конкурсот и обуките

СПОДЕЛИ ЈА ОБЈАВАТА:
Facebook
Threads
LinkedIn
X (Twitter)
WhatsApp
Skype
Email
Print
ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ: