Барај
Close this search box.

Конкурс за учесници за Oбуки за работни вештини

Младински образовен форум распишува конкурс за учесници на циклус од седум обуки за работни вештини во склоп на проектот Младинска независност кои ќе се спроведуваат во Скопје, Tетово, Штип, Струга и Битола за време на викендите во периодот од 29 октомври до 11 декември 2011. Oбуките ќе бидат на македонски јазик. Сите учесници кои ќе ги посетат обуките ќе добијат сертификат за учество.

Листа на обуки во циклусот Обуки за работни вештини:

  1. Kомуникациски вештини
  • Лидерство, мотивација и тимска работа
  • Управување со проектен циклус
  • Претприемништво и бизнис план
  • Организација на настани
  • Европски фондови
  • Маркетинг и интернет маркетинг

Повеќе информации за содржината на обуките тука.

За учество апликантите треба да ги исполнат следните услови:

  • Да се во потрага по работа.
  • Да се апсолвенти, дипломирани или магистрирани на возраст до 28 години.
  • Да се во можност да ги посетат сите седум обуки.

Сите заинтересирани да се пријават со полнување на апликација најдоцна до 10ти октомври 2011 на

Скопје – skopje@mof.org.mk
Тетово – tetоvo@mof.org.mk
Штип – stip@mof.org.mk
Струга – struga@mof.org.mk
Битола – bitola@mof.org.mk

Апликацијата за учество може да се превземе од тука или од www.mof.org.mk

Бројот на учесници е ограничен. Обуките се бесплатни.
Обуките ќе се реализираат на следниве дати:
29 – 30 октомври, 5 – 6 ноември, 12-13 ноември, 19 – 20 ноември, 26- 27 ноември,
3 – 4 декември, 10 – 11 декември.

Повеќе информации на:

Скопје: Младински образовен форум, тел 02/3139 – 692
Тетово: Младински образовен форум, тел 078/421 – 564
Штип : Фондација за развој на локалната заедница, тел 032/383 116
Струга: Здружение за развој и активизам – Аква, тел 046/ 782 465
Битола: Mладински културен центар, тел 047/ 233 020; 047/203 952

СПОДЕЛИ ЈА ОБЈАВАТА:
Facebook
Threads
LinkedIn
X (Twitter)
WhatsApp
Skype
Email
Print
ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ: