Барај
Close this search box.

Консултанство, менторство и тренинг за организациски и комуникациски развој на НВОи со фокус на роми и здравје во Македонија

Период на реализација: 01/11/2014 – 28/02/2016

Донатор: ФООМ

Партнери: КХАМ – Делчево, ЦДРИМ – Скопје, ЛИЛ – Скопје и Ромски ресурсен центар.

Краток опис на проектот:

Во периодот септември 2013 – октомври 2014, Младински образовен форум (МОФ) спроведе циклус од тренинзи и менторства наменети за четири организации кои работат во полето на заштита на социјално-здравствените права на ромското население. Овој циклус беше фокусиран на зајакнување на комуникациските капацитети и капацитетите за медиумско застапување на организациите, спроед искуствата и капацитете на МОФ во овие области.

Искуствата од циклусот водеа кон овој проект кој е проширување на фокусот на меторско дејствување кај овие организации, со цел зајакнување на нивните организациски капацитети. Активностите пордразбираат менторства и тренинзи посветени на организациски развој, стратешко планирање и комуникациски капацитети.

Потребата за овој циклус произлегува од потребата на заедниците со кои работат овие организации, потребата од поширок и поквалитете опфат, како и потребата од стратешко застапување за системско остварување на правата на граѓаните Роми.

СПОДЕЛИ ЈА ОБЈАВАТА:
Facebook
Threads
LinkedIn
X (Twitter)
WhatsApp
Skype
Email
Print
ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ: