Младински образовен форум – МОФ ве кани на дискусијии за ЗАКОНСКО УРЕДУВАЊЕ НА УЧЕНИЧКОТО УЧЕСТВО ВО ЗАКОНОТ ЗА СРЕДНО ОБРАЗОВАНИЕ, во вторник на 03.10.2015г. во Хотелот City Park.
Средбата за ученици е со почеток од 11:00 часот.
Средбата за професори, педагози, психолози, родители и претставници на невладини организации кои работат со средношколци е со почеток од 14:00 часот.
МОФ во соработка со коалицијата СЕГА и Првата детска амбасада Меѓаши спроведува консултации за прибирање на мислења на учениците и претставници на средните училишта и родители за потребата и важноста од регулирање на правото на учество во средното образование.
Ве каниме да земете учество и да дадете свој придонес во дискусијата за предизвиците и пoтребите на младинското учество и младинското организирање на училишно ниво; можностите за креирање на ученичко организирање и поддршка од институциите во имплементирање на ученичко учество.
Препораките кои ќе произлезат од дискусиите, ќе бидат вклучени во процесот на застапување за подобрување на моменталната состојба.

Со цел да се соберат мислења од повеќе засегнати страни ќе се организираат повеќе локални дискусии на територијата на цела Македонија, со млади, средношколци, младински организации, и локални носители на одлуки – од средни училишта и локална самоуправа. По дискусиите ќе следува и Национална работилница – на која ќе учествуваат млади на возраст од 18 – 29 години и претставници на национални/локални институции како носители на одлуки.
Вашето присуство може да го потврдите на martina_ilievska@mof.org.mk до понеделник (02.10) 12 часот.