Младински образовен форум ги повикува сите млади креативни умови, надежни уметници, режисери, новинари и радио водители кои сакаат да научат како да ги користат новите медиуми и уметноста како алатка за себеизразување и младински активизам.
Медиа Арт клубовите на Младински образовен форум (МОФ) се место каде членовите добиваат можност да ја уживаат слободата на изразување преку користење на новите медиуми и уметноста како алатка за младински активизам. Членовите, во склад со своите интереси, користат најразлични техники како дигитална уметност, улична уметност, видео и аудио изразување, организирање настани и акции и сл.
Како би можеле членовите да работат со алатките кои им ги овозможуваме, еднаш неделно се организираат обуки, односно, работилници. Работилниците се спроведуваат по принципот на практична работа, односно учење преку пракса. Не е потребно претходно искуство од областа.
Доколку имате над 16 години и сакате да станете член на Медиа Арт клубовите во Скопје, Тетово, Струга, Велес или Неготино, пополете го формуларот на www.mediaartbox.org и очекувајте го нашиот мејл или повик.
СПОДЕЛИ ЈА ОБЈАВАТА:
Facebook
Threads
LinkedIn
X (Twitter)
WhatsApp
Skype
Email
Print
ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ:
17/03/2025
16/03/2025