#Кромидфест: Туѓината пуста нека остане, младината реши тука да остаре!

Радио МОФ, по втор пат ве повикува да учествувате на нашиот #кромидфест и да придонесете кон сатирата во медиумското онлајн општество. Темата на овогодинешниот #кромидфест гласи:

Туѓината пуста нека остане, младината реши тука да остаре!

За да учествувате на конкурсот, потребно е да креирате сатирична (пара/кромид) вест низ која ќе го претставите своето гледиште за големиот процент млади луѓе кои сакаат да ја напуштат земјата, како и за секојдневниот одлив на мозоци што се случува во македонското општество.

На повикот може да учествуваат сите заинтересирани млади преку испраќање вести во видео, аудио, фото или текстуален формат или преку комбинација од различни формати. Бројот на предлози кои може да ги испрати секој учесник е неограничен.

Конкурсот е отворен од 28 мај и трае до 9 јуни 2014 година, заклучно со полноќ. Сите идејни решенија ќе бидат објавени на www.radiomof.mk.

Победникот ќе биде избран преку гласање на www.radiomof.mk, како и преку бодување од страна на жири комисија. Најдобрата вест ќе биде наградена со таблет Google Nexus 7 II.

 
Сатиричните вести можат да известуваат за животниот стандард и можностите за образование и вработување кои младите ги имаат во земјава и во странство, како и за локални, национални и меѓународни политики и случувања кои се однесуваат на младите.

Само за пример, тие можат да изгледаат вака:

Откриен тајниот спонзор за мерцедесот Е-класа на ректорот на УКИМ
Скршени вести
Филипијада Њуз – Момент на вистината
Во петок слободен превоз за студентите, наместо за пензионерите
Ректорот на УКИМ го продава мерцедесот Е-класа

Апликациите треба да се поднесат на konkursi@mof.org.mk, заедно со контакт телефон, име и презиме на авторот.

Испратените апликации не смеат да надминуваат повеќе од 100Mb.

Текстуалните предлози не треба да надминуваат 60 редови.

Аудио и видео предлозите не треба да надминуваат 120 секунди.

Повеќе информации на: Радио МОФ ( info@radiomof.mk ) или на тел: 02/3139 – 692.

Конкурсот е поддржан од Младински образовен форум и National Endowment for Democracy.

СПОДЕЛИ ЈА ОБЈАВАТА:
Facebook
Threads
LinkedIn
X (Twitter)
WhatsApp
Skype
Email
Print
ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ: