Барај
Close this search box.

Кунстверкштат го прослави 5тиот роденден

Групата за перформанс Кунстверкштат на Младински образовен форум на 25-ти март 2019 (понеделник) во Кино Култура со почеток во 20:00 часот ја имаше петата изведба на претставата „Немам каде да се вратам“ и воедно го прослави јубилејниот 5-ти роденден на групата.

Кунстверкштат, од формирањето во 2014 година досега имала 4 перформанси: „Нешто мора да се смени“, „Банки дигнаа палати“, „Ќе има војна“ и „Нивниот пат“, како и 4 претстави: „Ом царе, царе“, „Ненаучена лекција“, „Илустрации за тоа како новата идеја го запрепрастува човекот кој не е подготвен за неа“ и „Немам каде да се вратам“. Во мај 2017 групата го освои Гран При-то на Драмскиот аматерски фестивал- Кочани за претставата „Илустрации за тоа како новата идеја го запрепрастува човекот кој не е подготвен за неа“.

По изведбата на претставата, групата им подари благодарници за особено залагање и личен придонес за развојот на групата и несебична поддршка на членовите на младите талентирани поединци кои работеа со групата во изминативе 5 години: Петар Антевски, Ангела Стојановска, Христијан Поп- Симонов, Васко Костовски, Ирена Мирческа, Наталија Теодосиева, Јаков Спасов, Милош Андоновски и Дени Стојанов. Во фоајето на Кино Култура присутните имаа можност да се забавуваат со The DD’s.

Претставата „Немам каде да се вратам“ е претстава за талкањето на сириските бегалци. Да се талка значи и да се трага, да се бега, а во оваа претстава тоа значи и да се најде.

Она што ликовите од оваа претстава го наоѓаат е нивниот сопствен однос кон она од кое што бегаат. Дејството се случува во еден од бегалските кампови во Македонија и откако ликовите ќе се соочат со своите задоцнети бури, продолжуваат по својот пат до некоја од европските земји.

Текст: Милош Андоновски
Режија: Дени Стојанов
Во претставата играа: Ангел Таневски, Влатко Јовановски, Ивона Кузмановска, Јана Бангиева, Марина Таневска, Петар Мукоски, Срна Дуковска, Тамара Ангелова, Тина Спировска, Филип Христовски и Христина Мирчевска.

Групата Кунстверкштат ви благодари на сите за присуството!

СПОДЕЛИ ЈА ОБЈАВАТА:
Facebook
Threads
LinkedIn
X (Twitter)
WhatsApp
Skype
Email
Print
ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ: