Кунстверкштат

Кунстверкштат е група на млади ентузијасти и љубители на театарот, друштво без граници на креативност, посветеност и младинска критична мисла. Групата е основана од страна на Петар Антевски и Паула Фе во февруари 2014 како интерактивна работилница за перформанс во рамките на програмата Младински активизам.

Во репертоарот на групата се перформансите: „Нешто мора да се смени“, „Банки дигнаа палати“, „Ќе има војна“, „Нивниот пат“ и „ЈАСНЕМА“, како и претставите: „Ом Царе, Царе“, „Ненаучена лекција“, „Илустрации за тоа како новата идеја го запрепастува човекот кој не е подготвен за неа“ и „Немам каде да се вратам“. Групата има работено со неколку млади актери и режисери, меѓу кои: Ангела Стојановска, Васко Костовски, Ирена Мирчевска, Христијан Поп-Симонов, Наталија Теодосиева, Јаков Спасов, Дени Стојанов и Милош Андоновски.

Досега, покрај самостојните изведби на своите перформанси и претстави, групата има настапувано на повеќе настани како „Кој се плаши од молкот лош?“, конференцијата за друштвени медиуми и активизам ENGAGE, Skopje Creative Hub, окупацијата на УКИМ „Автономна зона“ и Драмскиот аматерски фестивал во Кочани.

Во 2015-та година, групата ја одигра претставата „Ненаучена лекција“ во пет градови во Македонија: Скопје, Велес, Неготино, Струга и Тетово.

Во мај 2017 претставата „ Илустрации за тоа како новата идеја го запрепастува човекот кој не е подготвен за неа ја освои ГРАН При наградата „Васил К. Ќортошев“ за најдобра претстава на Драмскиот аматерски фестивал на Македонија во Кочани. Групата ја доби втората ГРАН При награда на Драмскиот аматерски фестивал во Кочани во јуни 2019 година за претставата „Немам каде да се вратам“.

Во јули 2019 година, претставата „Немам каде да се вратам“ беше одиграна на интернационалниот фестивалот за аматерски театри “Festival Festivala” во Требиње, Босна и Херцеговина, каде една од актерките во преставата доби награда за актерска минијатура.

Во периодот септември – декември 2019 година, групата во соработка со ЛГБТИ Центар за поддршка, работеше на перформаснот „Ј А С Н Е М А“ кој го адресира проблемот на булиинг и ја актуализира оваа тема на провокативен и уникатен начин.

Во моментов групата се состои од следните членови: Ангел Таневски, Влатко Јовановски, Ива Цветановска, Ивона Кузмановска, Јана Бангиева, Марина Таневска, Петар Мукоски, Срна Дуковска, Тина Спировска, Филип Христовски и Христина Мирчевска.

futemax gratis  ativador office 365

Сподели