МОФ Летна академија

МОФ Летната академија е годишен настан на Младински образовен форум кој има за цел да креира платформа за средношколци и студенти преку која се запознаваат со нови вештини и знаења од тематските области на програмските активности на МОФ, да дискутираат за општествени проблеми и како да ги решаваат, да се запознаат со свои врсници кои делат нивни интереси, како и со активисти од најразлични полиња на дејствување. Академијата најчесто се одржува во младинско одморалиште или камп и привлекува 100 млади луѓе од различни региони во Македонија.

На почетокот на Летната академија учесниците присуствуваат на активности како отворање, ориентација и тимска работа и запознавање на другите учесници и програмата. Вториот ден најчесто е резервиран за мотивација и инспирација со предавања од експерти, активисти, инспиративни говорници кои ги споделуваат своите знаења и идеи со учесниците, а на крајот од денот имаат можност да следат и да учествуваат во панел дискусија на општествено актуелна тема најчесто поврзана со младинска ангажираност и вклученост. Преку овие предавања младите учесници го збогатуваат своето знаење, се инспирираат и стануваат свесни за младинските прашања и проблеми во државата.

Во вториот дел од настанот учесниците продолжуваа со работа во една од 3 понудени траки и тоа најчесто Дебата, Учиме право или Младински активизам.

Траката Дебата има за цел да ги научи младите како да дебатираат за критичните прашања и се се состои од предавања кои се фокусираат на теорија, а исто така и на специфични различни теми (демократија, дигитализација, образование и др.). Со оваа трака се развива критичко размислување, аргументација и аналитички вештини меѓу учениците. Предавањата се состојат од теоретски лекции и практични вежби за: принципите на конкурентна дебата; изградба на аргументи; јавно говорење и реторика.

Учиме право траката се фокусира на граѓанските и политичките права и слободи. Учесниците се запознаават со политичките права, како што се правата за правично судење, правото на учество во граѓанското општество, слободата на здружување, правото на собирање, правото на петиција и правото на глас. Оваа трака ги опфаќа механизмите на заштита во случај на повреда на човековите права или слобода. На крајот на настанот учесниците симулираат постапка во случај на повреда на човековите права или слободи.

Траката Младински активизам најчесто се обработува теми уличната уметност или перформанс. Учесниците ги искористат своите креативни капацитети и создавааат уникатен производ кој ќе им помогне на младите да го разберат артивизмот, да научат за слободата на изразувањето, да бидат креативни и отворени за нови уметнички алатки, да практикуваат соработка и емпатија.

Други траки кои се дел од програмата на академијата се средношколско организирање, креативен активизам, граѓанска ангажираност, истражување, анализа и креирање на младински и образовни политики и медиумска писменост.

Досегашни поддржувачи на МОФ Летната Академија ce: Фондација Отворено Општество – Македонија, USAID – Civil Society Project, Европската Делегација во Северна Македонија и Град Скопје.

Летна академија 2019 // Летна академија 2016 // Летна академија 2015 // Летна академија 2014

Летна академија 2013 //  Летна академија 2012 // Летна академија 2011 // Летна академија 2010

Сподели