На 22 и 23 март во средното училиште „Никола Карев“ ќе се одржи дебатен турнир на кој ќе дебатираат средноколци од почетните и напредните дебатни клубови.
Триесетина средношколци кои преку целата година посетуваа редовни предавања по дебата, ќе имаат можност меѓусебно да се натпреваруваат на тезата:
“Every criminal defendant should be forced to use only lawyers paid by the state.”
Официјален јазик на турнирот е англиски, со цел дебатерите да се подготват за претстојните квалификациски турнири т.е. за националното дебатно првенство. Турнирот ќе содржи 4 рудни од кои 2 ќе бидат на претходно најавена, а 2 на непозната (impromptu) теза, која сепак ќе се задржи на истата тема, со намера учесниците да ги развијат своите истражувачки способности.
Пред почеток на турнирот предавачите од програмата Учиме Право при МОФ, ќе одржат предавање на тезата.