Барај
Close this search box.

Локален волонтерски сервис

Период на реализација: 01.11.2011 –

Донатор(и): НЕД

Краток опис на проектот: Младински образовен форум е партнер Младински Културен Центар – Битола, во реализација на проектот „Локален волонтерски центар“ за проектните активности на територијата на Град Скопје. Проектот започна со имплементација во ноември 2011 година.

Целта на проектот е поддршка на одржлив развој на волонтерството во Македонија преку воведување на волонтерски програми во јавни институции, државни органи, локални самоуправи и НВОи, преку имплементација на Законот за волонтерство на локално ниво.

Во активностите на проектот се вбројуваат:  креирање и функционирање на волонтерска датабаза, потпишување меморандуми за разбирање со институциите/организациите и креирање на волонтерски позиции, обука, сместување, мониторинг и евалуација на волонтери кои ќе волонтираат по 3 месеци со платен надомест на трошоци за пат и храна, обуки за волонтерски менаџмент на вработените во институциите/организациите и конференција за волонтерството во нашата земја.

Од реализацијата на проектот во 2012/2013 се очекува да бидат обучени 70 волонтери и 70 претставници на институции во областа на волонтерски менаџмент, да се креираат и реализираат 70 волонтерски места во при што ќе се опфатат над 6000 корисници на волонтерските услуги (граѓани).

СПОДЕЛИ ЈА ОБЈАВАТА:
Facebook
Threads
LinkedIn
X (Twitter)
WhatsApp
Skype
Email
Print
ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ: