Локална акција за „оживување“ на спортскиот центар во Тетово

Членовите на Медиа/Арт клубот на Младински образовен форум од Тетово денеска ја продолжија акцијата за „оживување“ на спортскиот центар.

Тие ја бојадисуваа спортската инфраструктура (лулашки, клацкалки, кошеви, реквизити за спорт и рекреација), но и со транспаренти упатија силна порака до надлежните институции за итна реконструкција на спортскиот центар.

„Упатуваме апел до надлежните институции за реконструкција на спортскиот центар како катче за рекреација и спорт на младите и граѓаните на Тетово, младите немаат место за спорт и рекреација“, истакна Марко Видачек, од Медиа/Арт клубот од Тетово.

На крајот на акцијата членовите на клубот го исчистија спортскиот центар од отпадот, а на почетокот на пролетта најавија поголеми акции за ревитализација на спортскиот центар.

Бобан Костадиновски

СПОДЕЛИ ЈА ОБЈАВАТА:
Facebook
Threads
LinkedIn
X (Twitter)
WhatsApp
Skype
Email
Print
ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ: