Локална младинска иницијатива – јавни настани во 13 градови

Во склоп на проектот Локална младинска иницијатива (ЛМИ) кој се имплементира веќе 2 години во 13 младински клубови ширум земјата, во периодот кој претстои ќе се организираат различни јавни настани. Во секој од тринаесетте градови членовите на младинските клубови осмислија настани со различна порака, според потребите и проблемите со кои се соочуваат во локалната средина.

Подолу следува временскиот распоред и краток опис на дел од настаните, како и локациите. Сите настани се отворени за јавноста и сите заинтересирани се поканети да учествуваат.

Дебар

Младинскиот клуб при Центарот за оддржлив развој на заедницата организира изложба на фотографи изработени од младите од Дебар, кино проекција, јавна дебата, аукција на слики со намена на собраните средства за Центарот за млади со посебни потреби и за крај прослава со журка. Локациите каде ќе се случува настанот се: Центар за култура, кино сала, Центар за одржлив развој на заедницата, Градски амам. Сите настани ќе се случат во периодот 10-20 јуни.

Струмица

Младинскиот клуб при Центар за одржлив развој “Порта“ на 20-21 јуни организира настан за промоција на неформалното образование, со цел да ги охрабри младите повеќе да се вклучуваат во истото. Локацијата е Дом на АРМ и центарот на градот.

Ресен

На 25 мај во Центарот за подршка на заедницата во Ресен(старото кино) се оддржа вмрежување меѓу активистите на Црвениот Крст од Ресен и активистите на младинската организација-ЗУМ(Знаеме,Умееме,Можеме). На состанокот се подготвуваше програмата за престојниот настан за младинските права и се изработуваа слоганите и материјалите за проектот „Дружење без граници“. На 27 мај се оддржа голем настан за промоција на правото на здружување на младите со трибина за младински права, како и забавен дел на плоштадот со музика, скечеви и наградна игра за младите “Следи ги правилата“.

Штип

Младинскиот клуб при Фондацијата за развој на локалната заедница планира настан за афирмација и промоција на видовите на програми и можностите кои ги нуди неформалното образование, како и започнување на иницијатива за сертифицирање на неформалното образование. Планирани се 5 работилници кои треба да се случат од 7-15 јуни, а потоа ќе следува јавна трибина во хотел Оаза.

Кратово

Младинскиот клуб при Регионалниот центар за оддржлив развој организира настан за промоција на можностите кои ги нуди Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер под мотото Информирај се денес за да ти послужи утре. Обука за законот ќе се случи во просториите на центарот на 3 јуни во 15:30 часот, штанд за информирање на граѓаните ќе биде поставен на плоштадот на 7 јуни во 12 часот, а трибина на тема “Информирање на младите“ ќе се организира во салата за состаноци на општината на 15 јуни во 14 часот.

Велес

Младинскиот клуб при Фондацијата за локален развој и демократија “Фокус“ на 16 јуни во просториите на фондацијата организира јавна дебата на тема “Придобивките од неформалното образование, позитивновно влијаат на младите“. На 17 јуни се подготвува обука за придобивките од новите медиуми. Во младинскиот парк, на 18 јуни, ќе се организира изложба на фотографии од активности и реализирани иницијативи. Мотото на серијата настани е Преку неформално образование, до најдобро сознание !!!

Неготино

Под мотото Проактивен сега!!!, клубот СМС од Неготино организира настан со цел подигнување на јавната свест за интервенцијата која треба да се превземе за подигнување на етиката и моралот кај младите, како и да го промовира новиот тип на работни групи-студиски кружоци. Настанот ќе се случи во периодот 10-20 јуни.

СПОДЕЛИ ЈА ОБЈАВАТА:
Facebook
Threads
LinkedIn
X (Twitter)
WhatsApp
Skype
Email
Print
ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ: