Локална младинска иницијатива-ЛМИ [Youth for an Open Society – Local Youth Initiative] е повеќегодишен проект кој МОФ го имлементира од април 2007. Главна цел е да им се понуди алтернативен простор и содржини на младите, како и да се обезбеди можност за нивно активно вклучување во промовирањето вредностите на отвореното општество. Покрај тоа, има за цел да стимулира активно вклучување во креирањето на младински политики и начела кои се тесно поврзани со нивните потреби. Во активностите на проектот се опфатени повеќе од 1400 средношколци од 13 градови: Скопје, Битола, Струга, Дебар, Кичево, Штип, Гевгелија, Струмица, Делчево, Ресен, Неготино, Велес, Кратово.
Предвидените активности за 2010 година вклучуваат:
- Регионални дебатни турнири
- Спроведување на истражување за социјалната вклученост на младите во општеството, на репрезентативен примерок на државно ниво
- Изучување на нов дебатен формат- Карл Попер policy, чии правила ќе се одвива и Дебатната лига на која ќе се одберат претставници за светското првенство во дебата во Холандија
- Реализирање на јавни настани за промоција на локалните младински клубови, како и за подигнување на свеста за постоењето на локални младински проблеми
- Кретивни натреварувачки конкурси на различни теми
- Издавање на брошура
Локални партнери: Регионален Центар за застапување – Делчево; Регионален Центар за одржлив развој – Кратово; Центар за одржлив развој на заедницата – Дебар; Центар за одржлив развој ,,Порта’’ – Струмица; Регионален Центар за одржлив развој – Гевгелија; Центар за поддршка на заедницата – Ресен; Центар за локален развој „Антигоне’’ – Неготино; Здружение за развој и активизам „АКВА’’ – Струга; Фондација за развој на локалната заедница – Штип; Центар за развој на заедницата – Кичево; Фондација за локален развој и демократија „Фокус’’ – Велес; Младински Културен Центар – Битола.
Проектен тим:
Мартин Галевски
martin_galevski@mof.org.mk
Сандра Анастасовска
sandra_anastasovska@mof.org.mk