Македонски дебатери во осмина финале на меѓународниот турнир Heart of Europe

Средношколките дебатерки Калина Прелиќ, Соња Митиќ и Кристина Маџовска минатата недела се пласираа во осмина финале на меѓународниот дебатен турнир Heart of Europe. „Hearth of Europe“ (Срцето на Европа) е еден од најголемите европски дебатни турнири кој се одржа од 9 до 14 јули во градот Оломуц во Чешка.

Младинскиот образовен форум и Македонија беа претставени турнирот од  тимот составен од Калина Прелиќ, Соња Митиќ и Кристина Маџовска, кои беа победници на Националното дебатно првенство 2015. Заедно со нив како дебатен тренер ги придружуваше Петар Ивановски. На овој турнир земаа учество 30 тимови од најразлични делови од светот вклучувајќи ги Канада, Јужно Африкансаката Република, Бугарија, Данска, Шведска, Тајланд, Соединетите Американски Држави, Романија и уште многу други.

Турнирот се состоеше од осум прелиминарни рунди, осминафинале, полуфинале и финале. Нашите дебатери прелиминарните рунди ги завршија со пет победи и три порази и со тоа квалификувајќи се на деветтото место и обезбедувајќи пласман во осминафиналето, каде се сретнаа со тимот од Данска.

Покрај тимот како наш претставник на турнирот го имавме и Петар Ивановски како член на панелот од тројца главни судии на турнирот. Во финалето на турнирот се сретнаа двата најдобри тима Канада Блу и Канада Вест каде како победник со одлука 9-2 беше прогласен тимот на Канада Блу.

Тезите на овој турнир кои што се дебатираа во прелиминарните рунди беа:
1.„ Овој дом верува дека меѓународна воена интервенција против Боко Харам е оправдана без разлика на погледите на Нигериската влада. “
2.„ Овој дом верува дека нормализацијата на односите повеѓу САД и Куба ќе резултираат со субстанцијално подобрување на цивилните права во Куба. “
3. „Овој дом верува дека сексуално наметливите женски поп ѕвезди кои се идентификуваат како феминистки се штетни за феминизмот.“
4. „Овој дом верува дека Евроазиската Економска Унија ќе биде закана за Европската Унија во иднината.“

Финалната дебата на овој турнир се дебатираше на тезата:

„Овој дом верува дека помошта за развој на Европската Унија треба примарно да биде фокусирана кон образованието.“

Покрај големиот успех што нашите дебатерки го постигнаа со пласманот во осминафиналето значајно е да се спомене дека на индивидуално ниво во конкуренција од 110 дебатери сите три котираа во горната половина на листата на најдобри индивидуални говорници на турнирот.

Честитки за тимот на Калина, Соња и Кристина и со нетрпение го очекуваме следниот голем успех на македонските средношколски дебатери.

СПОДЕЛИ ЈА ОБЈАВАТА:
Facebook
Threads
LinkedIn
X (Twitter)
WhatsApp
Skype
Email
Print
ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ: