Младински образовен форум ве кани на бесплатното предавање „Мапа на македонскиот стартап екосистем и правни аспекти со Дејан Алексов. Предавањето започнува во 18 часот во Јавна соба (ул. 50 Дивизија бр.22) и ќе биде на македонски јазик.
Ќе имате можност да научите повеќе за:
– Стартапи и нивни фази на развој
– Организации, пристап до финансии и достапни ресурси
– Предности и предизвици на стартап заедницата
– Надминување на фрагментиран екосистем и стандардизација
– Извештај од процесот на мапирање
Правни аспекти:
– Постапка за основање на компанија
– Права и обврски со основањето
– Постапка за затворање на компанија
Дејан Алексов, основач и адвокат во адвокатска канцеларија Алексов со фокус на адвокатски услуги за стартап компании, инвеститори и организации. Ко-основач и претседател на Стартап Македонија, чадор организација за меѓусебно поврзување на стартап екосистемот, споделување и транспарентност на информации во стартап заедницата.
Ова предавање е дел од проектот „Ангажирање на приватниот сектор во образование за претприемништво“ кој во државата се спроведува од страна Младински образовен форум (МОФ) и Институт за европска политика (ЕПИ), со поддршка од Центарот за меѓународно приватно претприемништво (CIPE).