Debatewise е најголемиот веб-портал, каде секој добива шанса да земе активно учество во огромен број на дебати и да ги подобри своите аргументациски вештини и критичко размислување.
Во склоп на www.debatewise.org , оваа година по втор пат се одржува и светското онлајн дебатно првенство (TheWorldOnlineDebatingChampionship), кадесвои претставници имаат 32 земји кои се борат за титутлата најдобар онлајн дебатен тим во светот.
Македонија преку Младинскиот образовен форум како и лани, така и оваа година присуствува на овој натпревар и се бори за првото место. Најинтересно за нашата репрезентација е што таа оваа година е пофалена од страна на Debatewise за екипа со најголемо подобрување од минатогодишниот натпревар, со оглед на фактот дека тогаш отпадна по првата рунда, а сега е веќе во четвртфиналето.
Во првата рунда, оваа година Македонија дебатираше против Зимбабве на тезата „Нато треба да ја прекине својата нуклеарна програма “ каде извојува победа како опозиција [2-0] според гласовите на двајцата судии.
Втората рунда која штотуку заврши беше против тимот на Америка каде Македонија исто така во функција на опозиција дебатираше на тезата „Индивидуите би требало законски да можат да ги заобиколат авторските правана технологиите, доколку се подразбира нивна фер употреба” и повторно победи со добиени гласови од двајцата судии [2-0].
Во четвртфиналето на турнирот, Македонските дебатери ќе дебатираат против Грција.
Дебатата започнува на 30-ти Август, кога на самиот сајт ќе биде отворено гласање во кое може да учествувате. Секоја дебата е судена од страна на двајца судии. Доколку пресудата на судиите е едногласна, тимот кој има две судиски ливчиња е победник. Но доколку двајцата судии ги поделат своите гласови за двете различни страни, пресудни се гласовите на публиката како трет глас.
Македонската репрезентација е претставена од 6 дебатери: Стефан Алексиќ-капитен (19), Ивана Лумаковска (19), Борика Крушарева (19), Милка Геровска (17), Огнен Јакасановски (17), Петар Антевски (17), Елена Порјазова (17) и Теодора Столевска (16).