Медиумска посета * од дома *

Оваа сабота, 20-ти февруари, членови на новинарскиот клуб на Радио МОФ и Артивизам клубовите на МОФ имаа можност виртуелно да се запознаат со уредници, новинари и продуценти на неколку
домашни медиуми.

Уредничката на списанието Лице В Лице – Маја Раванска; Мите Кузески, основач и продуцент на Види Вака; Јасмина Јакимова, уредничка на Радио МОФ и Огнен Јанески, уредник и новинар во ТВ 24 ја раскажаа приказната на својот медиум и ги објаснија тимот, обврските и предизвиците на секој од новинарите.

 

Покрај можноста да го слушнат искуството на медиумските работници, досегашната работа на медиумите како и плановите за иднината, членовите на клубовите „прошетаа“ вирутелно и низ редакциите, канцелариите, студијата за аудио и видео снимање и секако – кујните на секој од медиумите каде се подготвува кафето потребно за одржување фокус (ок, некои редакции имаа и кафе-мати хехе).

 

СПОДЕЛИ ЈА ОБЈАВАТА:
Facebook
Threads
LinkedIn
X (Twitter)
WhatsApp
Skype
Email
Print
ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ: