Меѓународен ден на човекови права 2020 – Посета на Министерство за правда

2020
Унапредување на човековите права значи еднаков пристап до правда за сите!
По повод Меѓународниот ден на човековите права организиравме виртуелна посета на Министерството за правда.
60-тина средношколци од целата држава членови од Учиме право клубовите се запознаа со работата и надлежностите на оваа институција, концептот на владеењето на правото и правичната држава.
Посетата и покрај тоа што беше организирана онлајн, нашите членови виртуелно беа прошетени низ целата просторија на Министерството за правда и имаа можност да разговарат со министерот за правда, Бојан Маричиќ, заменик министерот за правда, Агим Нухиу, како и со раководителите од Секторот за правосудство, Секторот за меѓународна соработка, Секторот за Европска унија, како и со Секторот за извршување, нотаријат и медијација.
Програмата Учиме право низ годините спроведува слични посети со цел зближување на работата на институциите и креирање простор за комуникација помеѓу институциите и младите.
Оваа активност е спроведена во рамките на проектот Ангажирање на младите за студентски и младински политики, подржан од Фондација Отворено Општество Македонија.