Budva Open е дебатен турнир кој го организира дебатното друштво Логос од Будва и се одржува секоја година во Будва, Црна Гора во ноември. МОФ низ годините има испратено голем број на учесници на овој турнир кој е одлична можност за сите дебатери да дебатираат Карл Попер формат, како и да се дружат со голем број на свои врсници од различни земји.