Macedonia Open е меѓународен дебатен турнир за средношколци во Карл Попер дебата кој традиционално секоја година се организира во Македонија. Во 2009 се организираше по седми пат, со учество на средношколци од дебатните клубови од цела Македонија, како и од земји од регионот и пошироко од Европа. Тезата за турнирот е различна секоја година, во 2009 беше “Правата од интелектуална сопственост треба да се укинат“.
За различните искуства, дебатерски, организаторски и сите предизвици со кои се соочуваше овој турнир низ годините, можете да прочитате на успешната приказна тука.