Милка Геровска и Теодора Столевска се претставници на Македонија на Eвропското дебатно првенство 2015

На овогодинешното Европско универзитетско дебатно првенство 2015 кое се одржува во Виена во организација на Debattierklub Wien, се натпреварува и македонскиот тим во состав Теодора Столевска и Милка Геровска.

На првенството кое се одржува од 2-9 август, дебатираат 220 тимови од цела Европа натпреварувајќи се во 9 прелиминарни рунди, четвртина, полу-финале како и финале во форматот Британска Парламентарна дебата. Вкупно 440 дебатери-учесници се натпреваруваат во 2 категории: Англиски како прв јазик (Native speakers) и Англиски како втор јазик (English as second language).

Тезите на кои досега дебатираа сите тимови се:
THW pay all elected politicians the median wage in their country”
(„Овој Дом сите избрани политичари би ги плаќал со просечната плата во нивната земја“)

THBT when multi-national corporations conduct any business in Western states, these nations should enforce their environmental standards at all stages of production”
(„Овој Дом верува дека кога мулти-националните корпорации спроведуваат бизнис во Западните земји, тие нации треба да ги спроведат еколошките стандарди во сите фази на нивното производство. “)

THBT Western states should not use private military contractors in combat
(„Овој Дом верува дека Западните држави не треба да користат приватни воени изведувачи во борба. “)

THW ban any treatment, service, or ritual from claiming a physical healing effect until it is tested and proven more effective than a placebo by a national regulator
(„Овој Дом би го забранил секој третман, услуга или  ритуал кој ветува физички лекувачки ефект се додека не е тестиран и докажан дека е ефективен повеќе од пласибо ефект, од страна на национален регулатор. “)

“THBT EU should lift arms embargo on China” („Овој Дом верува дека ЕУ треба да го подигне ембаргото за оружје на Кина. “)

THW only allow the media and campaigning organisations to depict or publish information about the deceased in tragedy with the explicit permission of the family.” („Овој Дом би им дозволил на медиумите и организации кои спроведуваат кампањи да отсликуваат или објавуваат информации за починатите во трагедии само со експлицитна дозвола од семејствата.“)

Учеството на тимот од МОФ кој ја претставува Македонија на Европското дебатно првенство е поддржано од Division.

Финалето на турнирот на кое ќе бидат познати и победниците  на Европското универзитетско дебатно првенство за оваа година ќе се одржи на 8ми август. Во финалната дебата ќе дебатираат четирите најдобри тимови.

Европското универзитетско дебатно првенство (EUDC) e Европско дебатно првенство кое се одржува секоја година. EUDC е најзначајниот и влијателен дебатен турнир за универзитетска дебата во Европа.

Сподели