Период на реализација: 1 мај – 31 декември 2013
Донатор(и): Фондација отворено општество – Лондон
Краток опис на проектот: Проектот „Млади и медиуми“ има за цел да ја согледа позицијата на младите и медиумите во 11 евроазиски земји. Младински образовен форум и Метаморфозис, како главна активност на овој проект, спроведуваат истражување кое има за цел да ги истражи односите помеѓу младите и медиумите. Истражувањето ќе ја испитува позицијата на младите во медиумите, потребите на младите од медиумите, како и нивната вклученост во медиумите. Покрај Македонија истражувањето се спроведува и во: Словенија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Косово, Албанија, Србија, Грција, Бугарија и Турција.
Ова истражување ќе биде прво од оваа област спроведено во 11 земји кое ќе ни ја отслика вистинската состојба за младите и медиумите. Алатките со кои се добиваат податоци за истражувањето се: интервјуа, барања за слободен пристап до информации од јавен карактер и прашалници.
Како резултат на спроведеното истражување ќе излезе и подетална анализа за сите сите земји одделно, како и компаративна анализа се со цел да може во секоја од земјите да се споредува и унапредува состојбата за младите, перцепцијата на општата јавност за нив и нивно поголемо учество и зачестеност во медиумскиот простор со младинските проблеми и политики.