Млади промотори на слободата на изразување

banner-izrazi-seПериод на реализација: 01.01.2013 – 01.01.2014

Донатор(и): Европски инструмент за демократија и човекови права (EIDHR)

Краток опис на проектот: Целта на проектот „Млади промотори на слободата на изразување“ е преку промоција на слободата на изразување, заштитата на човековите права и борбата против говорот на омраза, да се придонесе кон развивање и консолидација на македонското општество.

Проектот е имплементиран од НВО Инфоцентар во партнерство со Младински образовен форум. Во проектот може да се вклучат лица од 18 до 25 години кои што имаат желба слободно да го изразат своето мислење преку различни алатки за искажување на мислењето (пишување, креирање, дејствување на локално ниво).

Целиот проект под слоганот  „Слободен си: Изрази се!“ опфаќа обуки за млади луѓе од областа на пишувањето есеи, креирање на мултимедијална порака или креирање на локална акција.

Во текот на проектот, сите вклучени млади ќе имаат можност да ги надградат своите вештини осознавајќи најразлични алатки за искажување на своето мислење и дополнително да остварат идеја по своја желба во склоп на самиот проект. По завршувањето на акциите организирани од страна на учесниците истите ќе бидат дополнително промовирани пред пошироката јавност.

СПОДЕЛИ ЈА ОБЈАВАТА:
Facebook
Threads
LinkedIn
X (Twitter)
WhatsApp
Skype
Email
Print
ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ: