На 14 април, преку електронска врска, претставници од мрежата „Млади во криза“ оддржаа виртуелна средба со Министерката за образование и наука, Мила Царовска.
На средбата на министерката ѝ беше презентиран документот „Млади во криза 2.0, а презентирани беа и наодите и препораките од документот „Млади во криза 2.0 – Ефекти од пандемијата врз младите и препораки до институциите“.
По презентацијата на документот, присутните разговараа за предизвиците со кои се соочува образовниот систем на државата а во врска со пандемијата предизвикана од КOВИД-19.
Од почетокот на пандемијата, оваа мрежа на организации постојано ги следи промените и дава препораки за олеснување на последиците предизвикани здравствената и општествена криза.
Членки на иницијативата „Млади во криза“ се Младински образовен форум, Реактор – Истражување во акција, Здружение за истражување и анализи (ЗМАИ), ХЕРА, Центар за интеркултурен дијалог, Сојузот на извидници Македонија, Младински сојуз – Крушево, Еквалис, Писхотерапика, ХОПС, Национален младински совет на Македонија, Хелсиншкиот комитет за човекови права и АРНО.
Процесот на криерање на документот и анализите беше поддржан од Фондацијата за демократија на Вестминстер преку Иницијативата за демократија на Западен Балкан.