Членовите на клубовите Артивизам на МОФ изработија кампања за потенцирање и афирмирање
на клучните аспекти од слободата на изразување и говорот на омраза во целина. Кампањата беше
реализирана преку изработка на дванаесет различни QR кодови. Дизајните се насочени кон
најбитните младински прашања и водат кон резултатите од истражувањето.
Различните дизајни беа јавно поставени од страна на младите активисти во три градови во нашата
држава – Тетово, Куманово и Прилеп. Дополнително, податоците беа превземени од „Младинско
статус кво – 10 години стагнација : Истражување за младинскиот социјален капитал“
На 26ти со почеток од 12:00 часот на онлајн платформата ZOOM беше одржана презентација на
наодите од истражувањето. На настанот се презентираа клучните постигнувања на проектот,
наодите од истражувањето како и Младинската Декларација – Документ за младински
приоритети, потреби и визии.