Денес, на 15-ти ноември, повеќе од 200 ученика од четирите средни училиште во Град Скопје – СУГС „Арсени Јовков“, СУГС „Боро Петрушевски“, СУГС „Браќа Миладиновци“ и СУГС „Здравко Цветковски“ се приклучија во спроведувањето на младинската акција во СУГС „Арсени Јовков“. Оваа младинска акција е првата од циклусот младински акции кои ќе се спроведат во горенаведените училишта.
Акцијата опфати поставување на урбана опрема во училишниот двор, разубавување на ѕидот од училиштето со уметнички мурали, хортикултурно збогатување на дворот, како и ревитализација на спортското игралиште, кое сега е целосно обележано и опремено со стативи за мал фудбал.
Со цел зајакнување на меѓуетничката интеграција и демократската вклученост на младите во образовниот процес, овие младински акции се резултат на долготрајно мапирање на интересите на средношколците од четирите училишта и зајакнување на нивните капацитети за реализација на активностите.
Активностите со четирите средни училишта од Град Скопје се дел од Проектот на УСАИД за меѓуетничка интеграција на младите во образованието, спроведувани од Младински образовен форум во партнерство со Македонскиот центар за граѓанско образование, а се реализираат со поддршка од Градот Скопје.