Младинска ангажираност за социјални промени

Период на реализација: 01/01/2015 – 31/12/2016

Донатор: ФООМ

Партнери: ЦРЗ –Кичево, МКЦ – Битола, Фокус – Велес, ЦРОР – Неготино, ЦИД – Куманово, РЦОР – Кратово, РЦЗ – Дечлево, ФРЛЗ – Штип

Краток опис на проектот:

Проектот „Младинска ангажираност за социјални промени“ се спроведува на национално ниво, со сите центри на МОФ со партнерство со локалните организации ЦРЗ –Кичево, МКЦ – Битола, Фокус – Велес, ЦРОР – Неготино, ЦИД – Куманово, РЦОР – Кратово, РЦЗ – Дечлево, ФРЛЗ – Штип. Активностите се спроведуваат низ сите четири програми на МОФ: Дебатна програма, Учиме право програма, Истражување, анализа и креирање младински и образовни политики младински активизам.

Целите на проектот се: Поттикнување на дебата, слобода на изразување, промоција и заштита на права на млади и поддршка на активности на 14 младински центри и соработници;  Унапредување на младинскитe политики, формите на младинско учество и младинското здружување; Промовирање на слобода на информирање, изразување и критичко размислување преку поддршка на Радио МОФ;

Aктивностите на проектотспроведени од програмите се:

Дебатната програма спроведува редовни предавања за дебата, аргументирано изразување и критичко размислување во средношколски и универзитетски дебатни клубови според годишни курикулуми, со кои овозможува неделни средби и работилници за младите. Дебатерите исто така следат предавања за актуелни општествени теми за да ги унапредат своите знаења и позиции за овие прашања.

Средношколците и студентите ќе имаат можност да организираат и учествуваат на натпревари, тренинзи и јавни настани во државата и меѓународно ниво. Преку овие активности, дебатните клубови се етаблираат како заедница која ја промовира слободата на изразување и судирот на идеи. Учествувајќи на овие настани дебатерите дискутираат предлог политики и решенија на проблемите. Дебатната програма организира и обуки за волонтери, предавачи, асистенти, дебатни судии; меѓународони и домашни дебатни првенства за млади и отвора актуелни прашања во општеството преку организирање на јавни дебати.

Учиме право средношколските клубови се водени од млади правници кои се среќаваат неделно и учат за човековите, граѓанските и политичките права и слободи, владеењето на правото, демократијата и правниот систем на Македонија, како и граѓанско и казнено право. Во клубовите се става фокус и на меѓународното право, меѓународните односи, организации и институции и ЕУ интеграцијата. Учиме право ги доближува младите до своите граѓански и политички права и слободи, но и директно до институциите преку посети на институции, експертски предавања, медијација и обуки. Средношколците учат и за судските процеси од граѓанското и кривичното право и работата на тела и органи на различни институции преку симулации на судење и процеси на одлучување.

Програмата Истражување, анализа и креирање на младински и образовни политики работи на спроведување на истражувања и креирање на поткрепени полиси документи со цел обезбедување на информации за реалните состојби кои ги засегнуваат младите и образованието и нивно публикување. Се организираат јавни трибини на теми релевантни за младите, тркалезни маси за дискусија со засегнатите страни за унапредување на политики од областите на млади и образование, со фокус на учеството и плурализмот, и квалитетот на образованието. Организирање на прес-конференции за информирање на јавноста, кампањи за поттикнување на општествената свест и повикување на работни состаноци.

Поддршка за основање и фунционирање на локални младински совети и средношколски заедници, фасилитрање на процеси за креирање на документи кон надлежните институции и јакнење на нивните капацитетите за застапување.

Програмата за младикнски активизам работи на поттикнување и поддршка на младински активизам, градење на граѓанска свест и промоција на слобода на изразување преку овозможување на младински клубови (Медиа/Арт) за нови медиуми, улична уметност, користење на јавни простори и перформанс во 5 градови со неделни средби, организирање на Медиа/Арт работилници, тренинзи и координативни средби. Младите во клубовите се стекнуваат со вештини за организација на настани и практикуваат социјална одговорност и помагање на заедниците.

Организирање на конференција за друштвен активизам – ENGAGE со над 400 посетители вклучени во дискусија и работилници.

Збогатување на медиумскиот простор со квалитет, диверзитет и етичност во младинското информирање преку Радио МОФ. Радио МОФ е онлајн радио и веб платформа која ја негува и развива дискусијата и информациите од интерес на младите лица  и овозможува простор за промоција на заедниците и актуелизирање на темите кои им се важни.

СПОДЕЛИ ЈА ОБЈАВАТА:
Facebook
Threads
LinkedIn
X (Twitter)
WhatsApp
Skype
Email
Print
ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ: