Младинска филмска проекција

На втори март 2019 година Младински образовен форум во соработка со Гледај.мк организираше Младинска филмска проекција.

Целта на проекцијата беше да им овозможи на младите членови на организацијата да се запознаат со значајни општествени прашања и да подигнат дискусија за истите.

За време на настанот беше проектиран филмот “The big short” во режија на Чарлс Рандолф кој ги прикажува причините и последиците од финансиската криза во САД која се појави во 2008та година. По завршување на филмот, присутните имаа прилика да дискутираат на економски прашања и влијанието на економските политики врз младите.

Активноста беше спроведена во склоп на проектот Ангажирање на младите за студентски и младински политики, поддржан од ФООМ.

СПОДЕЛИ ЈА ОБЈАВАТА:
Facebook
Threads
LinkedIn
X (Twitter)
WhatsApp
Skype
Email
Print
ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ: