Период на реализација: 17.01.2012 – 17.02.2012 ; 23.04.2012 – 24.05.2012; 13.02.2013 – 17.02.2013
Донатор(и): Education Development Center, USAID
Краток опис на проектот: Во рамките на проектот на USAID “Младинска мрежа за стекнување вештини за вработување YES Мрежа ” подготвена е програмата “Подготовка за вработување и работа”.
Општата цел на оваа програма е да се обезбеди развој и зајакнување на знаењата и вештините кои се барани на пазарот на трудот како дел од подготовка за вработување и работа. Обуките кои МОФ ги спроведуваше во Тетово имаа за цел да придонесат кон зајакнувањето на вештините на невработените лица, лицата кои активно бараат работа, со вештини релевантни за потребите на работодавачите со што ќе се олесни нивната побрза и поуспешна интеграција на пазарот на трудот.
Обуката е составена од 8 модули со кои се развиваат специфични знаења и вештини кои се важни за кариерен развој, и тоа: Вовед во обуката, Личен развој, Вештини за барање работа, Комуникациски вештини, Соодветно однесување на работно место, Тимска работа и лидерство, Безбедност, Права и обврски на работно место, Финансиски вештини.
Учесниците имаа можност да ги идентификуваат сопствените вредности, да ги утврдат личните јаки и слаби страни, да развијат план за остварување на краткорочните и долгорочните цели, да подготват CV и мотивационо писмо за конкретно работно место, да учествуваат во симулација на интервју, да се запознаат со елементите на портфолио за кариера, да развијат вештини за говорење, да идентификуваат видови на лидерство итн.
Вкупно 69 учесници успешно ги завршија обуките кои се покажаа како успешни, благодарение на стекнатите вештини 14 млади се вработени во различни сфери од бизнис секторот и 2 практиканти во Стопанска Банка во Тетово.