Во рамките на проектот „Средношколско организирање и учество“ на ден 26.12.2014год. (петок) во СОЕУ „Јане Сандански“ – Битола се одржа промоција на Младинската организација. Во рамките на настанот, се одржаа презентации кои ги правеа членовите на Младинската организација, паралелно на првиот час (07:15ч. и 13:30ч.) во сите класови во двете смени и делеа флаери за информирање на учениците а воедно и запознавање со постоењето на Младинската организација во СОЕУ „Јане Сандански“ – Битола.
За време на големиот одмор (во 08:50ч. и 15:50ч.), и во двете смени беше поставен штанд во холот на училиште, на кој што претставници од Младинската организација ги информираа учениците за целите кои ги има Младинската организација, како и активностите кои досега се спроведени. Учениците на СОЕУ „Јане Сандански“ – Битола имаа можност да пишуваат со кои права и обврски се запознаени, а за секое напишано право или обврска добиваа чоколадна бомбона со писменце.
Овој настан на Младинската организација е поддржан од Младински образовен форум преку активностити за поддршка на средношколско организирање и информирање за права на средношколци.