Младински акции во Тетово, Скопје, Велес и Битола

Младинска акција во Тетово
Младинскиот клуб од Тетово на Младински образовен форум, на 9-ти јуни 2019 година, во паркот на Ајдучко маало организираше младинска акција, која беше идеја на самите членови на клубот.

Имајќи предвид дека паркот во „Ајдучко маало“ е наменет за спорт и рекреација а моменталната состојба на паркот е во многу лоша состојбе, е доволен мотив за членовите на младинскиот клубот да преземат иницијатива за негово уредување. Оваа акција опфати неколку активности, како што се: Еко – акција, чистење на отпадот во целиот парк, поправка на оштетениот инвентар (поправка на лулашки), бојадисување на лулашките, клацкалките и спортските реквизити, поставување на 4 избоени автомобилски гуми пополнети со земја и со садени цвеќиња во нив, како и поставување на палети со саксии со цвеќиња.

Акцијата има за цел да испрати порака до граѓаните и граѓанките за зачувување на јавните површини и парковите, и дека е потребно само малку време, ресурси и труд за истите да бидат зачувани и разубавени, наместо оштетени и вандализирани.

 

Младинска акција во Велес:
­Младинскиот клуб од Велес на Младински образовен форум преку акцијата Сите за паркот – паркот за сите, во сабота на 15.06.2019 работеше на разубавување на јавна површина.  Оваа група на млади ја подобри состојбата на 14 клупи за седење, од кои 3 беа целосно репарирани (поставени нови даски), а 2 м3 смет собра од површината на Градскиот парк.

Целта на оваа акција беше да се разубави неискористениот јавен простор, да се поврзе младата популација со уличната уметност, како и да пренесе порака дека младите, како и останатите граѓани на Велес, можат да придонесат за јавните површини преку креативност и проактивност. Акцијата ја спроведе Медиа/Арт клубот – Велес, како завршен настан на одржаните работилници за креативен и младински активизам во изминативе месеци. Членови на клубот се млади велешани на возраст од 15-20 години.

Младинска акција во Скопје:
На 27-ми јуни 2019 година, со почеток од 18:00 часот, во Монтажната галерија во Парк на Франкофонија се одржа настанот „Екокреација“ организиран од Младинскиот клуб – Скопје на програмата Младински активизам на МОФ.

На настанот беа поставени канти за отпад изработени од гуми и изложба на стикери и постери изработени во Фотошоп на тема Екологија. Воедно, посетителите на настанот можеа да играат игри за екологија и да се забавуваат со музика.

Постерите и стикерите, изработени од членовите на Младинскиот клуб во Скопје, се однесуваат на проблемите со загадувањето како локален, но и глобал проблем низ призмата на младите членови на клубот, разработени на комичен и критички начин. Целта на изложбата е да ја покрене свеста на младите за состојбата на животната средина во која што живеат и да ги поттикне да размислуваат за можните решенија.

 

Младинска акција во Битола:
Младинскиот клуб од Битола на Младински образвовен форум, во петокот, 28.06.2019, со почеток од 20:00 часот, пред скејт паркот во Битола, го организираа завршниот настан, односно изложбата “Битола во боја”.

Изложбата содржи фотографии од претходни настани кои се организирани во Битола, и со тоа сакаат да испратат порака до граѓаните и ѓраѓанките од Битола дека постојат доволен број на настани во градот кои ја опфаќаат младата популација, само е потребна поголема  информираност околу истите.

Фотографиите се направени од членовите на Младинскиот клуб од различни културни настани кои се одржуваат во Битола.

Младинските акции се  поддржани од National Endowment for Democracy (NED)

Центрите на МОФ во Тетово, Битола, Велес и Куманово работат во склоп на проектот „Ангажирање на младите за студентски и младински политики“, финансиран од Фондацијата Отворено општество – Македонија.

СПОДЕЛИ ЈА ОБЈАВАТА:
Facebook
Threads
LinkedIn
X (Twitter)
WhatsApp
Skype
Email
Print
ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ: