Младински и образовни политики

Во насока на креирање и анализи на младински и образовни политики, програмата за истражување, анализа и креирање младински и образовни политики, работи да ги доближи образовните политики до стандардите дефинирани во европските документи, а и потребите на пазарот на трудот.

Дел од активностите како дел од програмата целат кон зголемување на транспарентноста  и отчетноста на високо образовните институции, подобрување на квалитетот на образованието и условите за студирање, промовирање на студентите, учениците и младите како партнери во процесите на одлучување. Меѓу другото програмата цели и кон изградба на култура на толеранција, ненасилство и меѓуетничка доверба помеѓу младите преку образовниот процес.

Организацијата има изработено мониторинг на работата на Агенцијата за млади и спорт и в0 2016/17 направено анализа на спроведување на Националната стратегија за млади и Стратегијата за образование.

Програмата на своите членови им нуди можност да се запознаат со националната регулатива од областа на образование и млади, истовремено компаративно да ја споредат со европските прописи и практики, да соработуваат со релаевантните институции од овие области, да искусат како изгледаат процесите на застапување и лобирање во пракса.

Програмата истовремено работи на застапување за подобри политики за млади и во образованието преку учество во работни групи, давање препораки и коментари на документи и учество во креирање на политики и закони, како и спроведување консултации со млади.

Членови на програмата и организацијата учествуваа и во изработка на акцискиот план за Националната стратегија за млади за 2020 година, како и во работната група за изработка на Законот за младинско учество и политики. Дополнително, претставници на МОФ учествуваат и во работата на работната група за изработка на предлог – законот за младински стандард.

 

Сподели