Барај
Close this search box.

Младински кино-клубови на „Македокс“ во 12 градови низ земјата

Интернационалниот фестивал за креативни документарни филмови „Македокс“, во следните седум месеци заедно со Младинскиот образовен форум, ќе организира Младински кино-клубови во 12 градови низ земјата.

Според организаторите, целта на овие клубови е преку проекции на документарни филмови и дебата, да се „пробистри умот и изострат сетилата“. Тоа, според нив, ќе овозможи да се види што е поразлично, а воедно и ќе се децентрализира културата.

Филмските проекции се бесплатни и ќе започнат во петок (20 март) во Ликовниот салон во Велес, со проекција на филмот „Алфабет“ на Ервин Вагенхофер.

Слични кино-клубови ќе се реализираат и во Кичево, Дебар, Битола, Куманово, Струга, Тетово, Скопје и Гевгелија како дел од активностите во пресрет на шестото издание на фестивалот кое ќе трае 20-26 јуни.

Подолу е распоредот на проекциите:

20.03.2015 – Ликовен салон, Велес
21.03.2015 – Клуб МОФ, Кичево
23-24.03.2015 – Клуб МОФ, Дебар
24.03.2015 – Клуб МОФ, Битола
25.03.2015 – Клуб МОФ, Куманово
27.03.2015 – Клуб МОФ, Струга
28.03.2015 – Клуб МОФ, Тетово
30.03.2015 – Клуб МОФ, Скопје
31.03.2015 – Клуб МОФ, Гевгелија

СПОДЕЛИ ЈА ОБЈАВАТА:
Facebook
Threads
LinkedIn
X (Twitter)
WhatsApp
Skype
Email
Print
ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ: