Младински образовен повик отвора повик за нови членови во Дебатните клубови

Драги средношколци, отворен е повикот за нови членови во Дебатните клубови на Младински образовен форум!

Преку интерактивни неделни предавања во Дебатниот клуб ќе се запознаеш со светот на компетативна дебата! Ќе научиш како да истражуваш и проучуваш теми од различни области, како структурирано да изнесуваш аргументи, многу техники за одржување на јавни говори и правилно побивање на туѓи аргументи со кои не се согласуваш. Вештините што ќе ги стекнеш значително ќе ти помогнат да се развиеш на персонален, академски и професионален план.

Преку дебатните клубови имате можност со својот тим да учествувате на локални, национални и меѓународни дебатни турнири. Одлична можност да го надополниш своето CV. MOФ досега, секоја година испраќа тим на меѓународни турнири и тоа: Најголемиот, „Светско Дебатно Првенство по средношколска дебата“, каде оваа година во Кина,  тимот на С. Македонија се здоби со титула „Најдобрата нова нација“. Дополнително турнири на ниво на Европа, како „Zagreb Open“, „Budva Open“, „Hearth of Europe“ и многу други.

Учеството во клубовите е бесплатно. Се реализира преку неделни предавања од сертифицирани тренери по Дебата. Во склоп на клубовите се одвиваат теоретски предавања и практични вежби за аргументација, компетитивна дебата и јавно говорење според однапред одреден курикулум. Освен стандардизираните предавања, ќе имате можност да слушате изборни предавања од реномирани меѓународни дебатери и личности од политичкиот, правен и социјален спектар. Дополнително, покрај клубовите програмата спроведува обуки, тренинзи, јавни дебати, дебатни академии и локални, национални и меѓународни дебатни турнири.

Клубовите функционираат на национално ниво, во пријателска атмосфера преку која ќе стекнеш нови пријателства и искуства поразлични од оние со кои се сретнуваш во формалното образование. Преку клубот на Дебата, ќе се предизвикаш себеси. Знаењата и вештините што ќе ги стекнеш преку младинските клубови на МОФ ќе ти овозможат да се изградиш во активна личност свесна за социјалните дилеми и подготвена да се сноси со предизвиците од секојдневието.

Приклучи се на овој линк!
СПОДЕЛИ ЈА ОБЈАВАТА:
Facebook
Threads
LinkedIn
X (Twitter)
WhatsApp
Skype
Email
Print
ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ: