Барај
Close this search box.

Младинскиот совет во Неготино ја одржа првата седница

На 1ви јуни 2015 беше одржана првата седница на Советот на млади на Општина Неготино во Собраниската сала на Општина Неготино со почеток во 18 часот.
Советот е дел од активностите на проектот „Развој на локални младински политики и локално младинско учество во 12 општини“ на Младински образовен форум и Центарот за меѓукултурен дијалог, а финансиран од Европската Унија (ИПА програма).

На седницата беа присутни членовите на Младинскиот совет во Неготино, а темата на првата седница беше избор на раководните тела на Советот.

По изгласувањето на дневниот ред беа избрани и раководните тела на Советот на млади од општина Неготино и тоа:
Претседател – Ивона Атанасова
Секретар – Ѓорѓи Јованов
Благајник – Томислав Насков
Соработник за односи со јавноста – Јордан Лазов
За координатор на работната група за образование и наука се избра Стефан Андонов, едногласно.
За координатор на работната група за екологија се избра Кристина Тодорова,едногласно.
За координатор на работната група за соработка со невладиниот сектор се избра Митко Јаначков, едногласно.
За координатор на работната група за младинска политика и информирање се избра Никола Богески, едногласно.
За координатор на работната група за култура се избра Анета Трајкова, едногласно.
За координатор на работната група за поддршка при вработување се избра Дејан Пановски, едногласно.
За координатор на работната група за спорт се избра Тоде Мицов, едногласно.

На првата седница на советот се дискутираше и за настанот за промоција на формираниот Совет на млади од општина Неготино кој ќе биде реализиран во текот на наредна недела со цел да бидат запознаени сите млади лица од Неготино за работата на советот како и да можат да се вклучат со свои идеи и поддршка за идните прокети.

Записникот од седницата на Советот можете да го најдете на официјалната ФБ страна.

Проектот „Развој на локални младински политики и локално младинско учество во 12 општини“ е насочен кон младите луѓе, младинските организации и сите форми на младинско здружување и локалната самоуправа. Главната цел на проектот е да се зајакнат капацитетите на младинското здружување на локално ниво, нивно формално препознавање од страна на општините, како и заедничка работа за унапредување на младинските политики на локално ниво, преку развој на младински активизам, младинска работа и младинско учество во процесите на донесување на одлуки. Проектот вклучува соработка со локалните самоуправи, локални акции и јавен процес на основање Локални младински совети, со поддршка од локалната самоуправа во 12 општини, а е финансиран од Европска Унија (ИПА програма – Civil Society Facility).

СПОДЕЛИ ЈА ОБЈАВАТА:
Facebook
Threads
LinkedIn
X (Twitter)
WhatsApp
Skype
Email
Print
ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ: