Младинско будење во Струга преку активистички фотографии

Со хаштагот #youthawakening, а во рамки на онлајн кампањата на социјалните мрежи младите од Струга изминатиот месец објавуваа активистички фотографии преку кои кажуваат со какви проблеми се соочуваат, но и што посакуваат во општината во која живеат.

Акцијата е дел од проектот„Развој на локално младинско учество и локални младински политики“ на Младински образовен форум и Центар за меѓукултурен дијалог, финансиран од Eвропската Унија (ИПА програма – Civil Society Facility) која продолжува со вечерашниот настан „Младинско будење“ во Центарот за култура „Браќа Миладиновци” на иницијативата за основање на локален младински совет во Струга. На настанот ќе има табла каде младите ќе можат да лепат стикери со проблемите со кои се среќаваат, ќе се делат разгледници со младински пораки и ќе биде спроведена анкета за тоа колку младите се застапени на локално ниво.

Целта на овој настан е да им понуди на младите канал преку кој ќе можат да го кажат своето мислење и потреби кон општината, да ја промовира потребата од локално младинско здружување и да ги позиционира младите како релевантен фактор во процесите на донесување на одлуки кои ги засегаат.

Активистичките фотографии погледнете ги подолу:

Проектот „Развој на локални младински политики и локално младинско учество во 12 општини“ е насочен кон младите луѓе, младинските организации и сите форми на младинско здружување и локалната самоуправа. Главната цел на проектот е да се зајакнат капацитетите на младинското здружување на локално ниво, нивно формално препознавање од страна на општините, како и заедничка работа за унапредување на младинските политики на локално ниво, преку развој на младински активизам, младинска работа и младинско учество во процесите на донесување на одлуки. Проектот вклучува соработка со локалните самоуправи, локални акции и јавен процес на основање Локални младински совети, со поддршка од локалната самоуправа во 12 општини, а е финансиран од Европска Унија (ИПА програма – Civil Society Facility).

СПОДЕЛИ ЈА ОБЈАВАТА:
Facebook
Threads
LinkedIn
X (Twitter)
WhatsApp
Skype
Email
Print
ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ: